ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Магнетик ДООЕЛ (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).
Камерите за видеонадзор се инсталираат во продажните простории на контролорот. и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до продажните простории.
Системот со видеонадзор се насочени кон инвентарот, трговската стока и продажниот простор во продажните простории на контролорот.
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, офицерот за заштита на личните податоци е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.
Контролорот користи опрема за видеонадзор за (да се наведе една или повеќе од наведените цели):
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа, на влезот на просториите каде што се врши видео надзорот има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
До видео записите може да се пристапи само од страна на офицерот за заштита на личните податоци. Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).
Може да испратите барање на е-пошта на [email protected].
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање на [email protected].
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на [email protected]., кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на [email protected]., кога обработката е незаконска.
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на [email protected]., кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
Можете да го известите Контролорот со испраќање е-пошта на [email protected] и да побарате да преземе акција.
Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 (триесет) календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.
Следи нѐ на социјалните мрежи за да погледнеш најнови модели, инспирации и комбинации