Ова е политиката за приватност на Магнетик ДООЕЛ во врска со собирањето и обработката на личните податоци преку веб страницата magnetik.mk.
Магнетик ДООЕЛ (во натамошниот текст: „Магнетик“, „ние“) е контролор на личните податоци. Ние одлучуваме зошто обработуваме лични податоци, кои податоци ќе ги собереме и обработиме, како ќе го сториме тоа, како и кои ќе бидат нашите обработувачи на лични податоци.
Обработувачите на лични податоци се компании кои за нас ја вршат обработката на личните податоци. Тие се наведени во делот „Со кого ги споделуваме вашите лични податоци заради обработка“. Одвреме-навреме може да направиме промени во листата на обработувачи, при што ќе ја ажурираме и оваа политика за приватност.
Корисниците на веб страницата magnetik.mk, било да сте регистрирани или нерегистрирани корисници, се субјекти на лични податоци (во натамошниот текст: „корисниците“, „вие“).
Личните податоци го собираме и обработуваме за следните цели:
Вашите лични податоци ги собираме на два начини:
Ги собираме и обработуваме следните категории на лични податоци:
Истовремено, ги користиме услугите на Фејсбук и Гугл, кои имаат увид во вашите активности на интернет. Преку нивните огласувачки платформи тие поврзуваат компании со интернет корисници врз основа на демографските карактеристики на корисниците, нивните интереси, потрошувачки навики, како и други параметри.
Ние немаме пристап до податоците кои вие ги споделувате со Гугл и Фејсбук, ниту пак собираме и обработуваме податоци во врска со вашите активности надвор од magnetik.mk. Сепак, согласно важечките законски прописи, следењето на вашите активности со помош на алатките на Фејсбук и Гугл на magnetik.mk е оневозможено се додека вие не дадете согласност за нивното користење.
Magnetik.mk исто така користи и услуги од CaSys, кој овозможува онлајн плаќање на производите на веб стрницата.
Магнетик воопшто не ги собира и обработува податоците од вашата платежна картичка при плаќањето. Кога плаќате, нашиот веб сајт ве пренасочува на друг веб сајт каде што го вршите плаќањето. При тоа, само CaSys може ги собере и обработи податоците од вашата платежна картичка. Откако тие податоци ќе се обработат и плаќањето ќе биде реализирано, повторно се враќате на magnetik.mk. Во меѓувреме, ние добиваме само потврда за извршено плаќање.
Користиме услуги од други компании заради обработка на лични податоци. Тоа подразбира дека мораме вашите лични податоци да ги споделиме со нив.
Податоците ги споделуваме со следните обработувачи:
Google, кој ни овозможува да ги анализираме посетите и активноста на корисниците на веб страницата, како и потоа да им прикажеме релевантни огласи.
Facebook, кој ни овозможува да следиме кои корисници кои делови од нашата веб страница и онлајн опродавница ги посетуваат.
Mailchimp, кој ни овозможува да коминицираме со вас по е-маил, како да ги обработуваме е-маил адресите за маркетинг цели.
Ecologistik, кој ни овозможува производите нарачани преку веб страната да ги доставиме до купувачите.
Дел од обработувачите на лични податоци чии услуги ги користиме податоците ги обработуваат надвор од Северна Македонија. Тоа значи дека е неопходно вашите лични податоци да се пренесат во друга земја и таму да се обработат.
Внимателно ги одбираме обработувачите на лични податоци со кои соработуваме. Сите се угледни компании кои применуваат највисоки безбедносни стандарди при обработката на личните податоци.
При тоа, за секој пренос на лични податоци навремено ја известуваме Агенцијата за заштита на личните податоци на РСМ или прибавуваме одобрение за преносот, доколку тоа е потребно согласно Законот за заштита на личните податоци.
Личните податоци кои ги обработуваме ги чуваме само додека ни се потребни за целите заради кои ги обработуваме.
Секој личен податок се чува различен временски период. Тој временски период може да се менува одвреме-навреме, во зависност од тоа како се менуваат околностите поврзани со тие цели. На пример, податоците кои ги собираме за нашите маркетинг цели може да се чуваат пократко или подолго во зависност од тоа колку долго траат кампањите и слично.
Во секој случај, личните податоци ги обработуваме само за целите не обработка и ги чуваме само онолку колку што е неопходно за исполнување на тие цели.
Законот за заштита на личните податоци во гарантира одредени права како субјект на личните податоци, кои ние ги почитуваме. Тие права се:
За секое од овие права можете да поднесете барање на [email protected]. Законскиот рок за одговор на вашето барање е 30 дена.
Пред да го одговориме вашето барање може да преземеме активност за потврдување на вашиот идентитет со цел да не откриеме нечии лични податоци на неовластено лице.
Не собираме и обработуваме лични податоци на деца.
Доколку се случило по грешка да собереме личен податок на дете и сте дознале за тоа, ве молиме да не известите на [email protected] и ние веднаш ќе ги избришеме нивните лични податоци.
Имаме поставено офицер за заштита на личните податоци. Неговите контакт податоци се:
Душан Нешовски
070 379 343
Го задржуваме правото во секое време да направиме измени на оваа политика за приватност. Таа има за цел да ве информира за нашите активности во врска со собирањето и обработката на вашите лични податоци, така што мора да се менува како што ќе се менуваат и нашите активности.
За какви било прашања во врска со оваа политика за приватност контактирајте не на [email protected].
Следи нѐ на социјалните мрежи за да погледнеш најнови модели, инспирации и комбинации